Втор триумф за кадетите: Македонија со пресврт ја расплака Швајцарија

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација славеше со 89-76 против Швајцарија во четвртото коло од Европското првенство (ЕП) во Дивизија-Б.

Швајцарија подобро го отвори натпреварот и ја доби првата четвртина со 30-16, додека водството на ривалот на Македонија продолжи да расте до полувреме (53-38).

Македонските кадети почнаа да се будат во вториот дел, па така ја добија третата четвртина со 26-14, додека во последните 10 минути го декласираа ривалот со 25-9 за конечен триумф од 89-76. Најефикасен во македонскиот тим беше Илија Коневски со 26 поени и шест скокови.

Македонија по четири одиграни меча има две победи и два порази, додека во последното коло од групната фаза игра против Украина.

Фото: КФМ