Алварез тренира со Атлетико, а Барселона чека: Расте неизвесноста околу Аргентинецот

Аргентинскиот фудбалер Хулијан Алварез се појави во тренинг-центарот на Атлетико Мадрид и им се приклучи на соиграчите на тренинг, иако претходно кажа дека сака да замине од гигантот.

Атлетико објави фотографии од фудбалерите кои подоцна се приклучија на подготовките, а тоа се Алварез, Маркос Љоренте, Алекс Баена и Хуан Мусо.

„Во следните денови тие четворица ќе работат на посебен план на тренинг, пред да се приклучат на екипата“, соопшти Атлетико.

Ситуацијата со Алварез сè уште не е решена затоа што Барселона бара нов напаѓач и наследник на Роберт Левандовски, додека Аргентинецот има активен договор со гигантот од Мадрид до 2030 година.

Фото: AFA - Selección Argentina