„Бомба“ од Англија: Еден од најбогатите луѓе во светот купува акции во Ливерпул

Конзорциум во кој се наоѓа основачот на „Амазон“, Џеф Безос ќе купи голем дел од акциите на Ливерпул, а до крајот на оваа недела се очекува и официјална потврда.

Безос е трет најбогат човек во светот, зад Лери Пејџ и Илон Маск, а заедно со други бизнисмени ќе се вклучи во инвестирањето во поранешниот англиски и европски шампион.

Според „Скај“, новите инвеститори ќе откупат 33 отсто од акциите на клубот за шест милијарди долари.

Актуелните сопственици на чело со Џон Хенри соопштија дека не изгубиле интерес з аклубот, но останува да се види колку ќе се промени финансиската и бизнис стратегијата на премиерлигашот.

Фото: Liverpool FC/Facebook