Новинари го снимаа погребот на таткото на Меси, па фудбалерот најавил тужби! (ВИДЕО)

Хорхе Меси, таткото на Лионел Меси, почина по тешка борба со болест, а погребот беше одржан на гробиштата во Росарио, каде што се појави фудбалерот заедно со своето семејство.

На погребот присуствуваа членови на семејството и најблиски пријатели, а и покрај желбата на фудбалерот да нема новинари, сепак се појавија екипи од неколку медиумски куќи кои го снимаа погребот.

По објавените снимки на социјалните мрежи веднаш беа најавени и тужби против медиумските куќи кои ја нарушиле приватноста на Аргентинецот.