Шкендија се раздели со еден од играчите пред клучниот меч со Хибернијан
Се работи за Себастијан Спахиу кој ќе треба да си бара нов клуб.
„Крилото Себастијан Спахиу повеќе не е дел од Шкендија. Клубот и фудбалерот постигнаа взаемна согласност за раскин на неговиот договор. Шкендија му заблагодарува на Себастијан Спахиу за неговиот придонес во времето поминато во клубот и му посакува се најдобро во неговата кариера“, стои во соопштението.
Спахиу во Шкендија дојде во 2025 година од Иран.