Турски новинар приведен поради лажни вести за трансфер на ѕвезда на Баерн!
Постапката против Терзи е покрената откако тој објави вест за наводниот премин на Џамал Мусиала, ѕвездата на Баерн Минхен, во Галатасарај.
Клубот само неколку часа подоцна официјално ги демантираше тие тврдења и објави дека информацијата за трансферот не е точна. И покрај демантот, Терзи остана на својата приказна и порача: „За ова гарантирам со мојата глава“.
Иако Галатасарај не поднесе официјална пријава, дел од навивачите го пријавија новинарот до надлежните органи. Во пријавите се наведува дека Терзи продолжил да изнесува невистини и по официјалниот демант и дека со тоа свесно ја доведувал јавноста во заблуда.
Врз основа на тие пријави, јавното обвинителство покрена истрага која резултираше со негово приведување во Одделот за безбедност на истанбулската полиција поради давање изјава.