Тажен ден во Росарио, Меси скршен од болка на погребот на неговиот татко! (ФОТО)

Лионел Меси синоќа во родниот Росарио се опрости од својот татко Хорхе кој почина на 68 годишна возраст по болеста со која се бореше во последните месеци.

Семејството и најблиските пријатели се собраа на интимен последен поздрав на гробиштата Ел Прадо, додека пред гробиштата се собраа и бројни обожаватели на Меси за да му пружат поддршка. „Сила, Лео. Те сакаме“, пишуваше на една од пораките оставени на оградата.

Меси на последниот испраќај пристигна дискретно, низ страничниот влез, а фотографиите го прикажуваат сам, со наведната глава и видливо потресен. Покрај него беше сопругата Антонела Рокузо.

Хорхе Меси имаше огромно влијание врз кариерата на својот син и му беше агент во текот на најголемиот дел од неговиот фудбалски пат. На испраќањето се појавија и бројни венци, меѓу кои и оние од Аргентинската фудбалска федерација, репрезентацијата и Њуелс Олд Бојс, клубот што Хорхе посебно го сакаше.

Фотографиите може да ги видите на овој ЛИНК.