Поранешен македонски селектор кариерата ќе ја продолжи на Косово!

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски стана нов тренер на Влазними од Ѓаковица.

Јончевски има богато искуство, откако претходно им беше тренер на МЗТ Скопје, Кожув, Гостивар и Работнички во Македонија, а работеше и во странство во тимовите на Спартак Суботица, Шљонск Вроцлав и Атомерому. Тој беше и селектор на нашиот национален тим.

Македонскиот стратег заедно со МЗТ Скопје успеа и да ги освои македонскиот шампионат и Купот, па така додаде и важни пехари во својата тренерска биографија.

Фото: Facebook/KB Vëllaznimi