Врамени дресови за репрезентативна пензија на Митрашиновиќ и Трајчевска
Пред почетокот на денешниот меч против Хрватска, двете кошаркарки добија врамени дресови за спомен од своите настапи во репрезентацијата.
Повеќе од една деценија двете беа стандардни во дресот со националниот грб и оставија длабока трага која ќе биде многу тешко да се пополни во иднина.
Митрашиновиќ неодамна стави крај на својата играчка кариера, а си замина како најдобар стрелец во историјата на македонската репрезентација.
