Успех од соништата: Марк Гасол влезе во елитно друштво на Џордан, Пипен и Леброн Џејмс!

Стартниот центар на Шпанија и членот на најдобрата петорка на Светското првенство (СП) во Кина, Марк Гасол, со триумфот во големото финале над Аргентина и освојувањето на златниот медал направи нешто што претходно им успеало на само пет други кошаркари од кои сите се – Американци.

Шпанецот во иста година успеа да дојде до светското злато и до титула во НБА-лигата, сигурно двете најпрестижни одличја кои може да бидат освоени, со оглед што пред три месеци се израдува на пехарот со Торонто репторс. Претходно, тоа им успеало на величини како Мајкл Џордан, Скоти Пипен, Ламар Одом, Леброн Џејмс и на Кајри Ирвинг.