Србија против Кина, Американките со Австралија во четвртфинале во женска кошарка

Кошаркарките на соседна Србија ќе се борат за полуфинале на женскиот олимписки кошаркарски турнир против Кина, додека Американките повторно ќе се судрат со Австралија како и во групната фаза, во четвртфиналето кое е на програмата во среда.

Ждрепката сакаше покрај овие два дуели да се сретнат и домаќнот Јапонија против Белгија, а Шпанија со Франција во преостанатите двамеча, по што во полуфиналето вксртуваат победниците од мечевите Кина – Србија и САД – Австралија односно обедниците од мечевите Белгија – Јапонија и Шпанија Франција.

Полуфиналињата се на програмата во петок на 6 август, а мечот за бронза е во сабота на 7 август, додека финалето на 8 август на последниот ден од ЛОИ