Селекторот на Македонија главна ѕвезда во реклама за – обложувачница (ВИДЕО)

Новиот предводник на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, вечерва со својот тим Игокеа ја игра „мајсторката“ за пласман во големото финале од АБА, туку и по објавата за донирање на приходот од снимената реклама за една српска обложувачница и тоа во – хумани цели.

Тренерот, кој вети дека ќе ги врати жолто-црвените на победничките патеки, хонорарот добиен од компанијата „Меридиан“ за „глумењето“ како игра блек-џек и како прави вистински избор идентично како на кошаркарските натпревари, го донира на Здравствениот дом Лакташи и на Црковната општина Лакташи, во која се наоѓа домот на Игокеа, каде што, со мали прекини, работи повеќе од една деценија.

Бајиќ своето деби на клупата на Македонија ќе го има во август, кога нашата репрезентација ќе ги одигра претквалификациите за пласман на СП 2023 и тоа во група со Швајцарија и Словачка. Пласман во следната рунда ќе обезбедат двете најдобри селекции.