САД без Дурент против Србија!

Проблем за селекцијата на САД пред стартот на Олимписките игри, селекторот Стив Кер најверојатно нема да смета на Кевин Дурент кој има уште несанирана повреда.

Мечот меѓу САД и Србија се игра на 27. јули од 17:15  часот, а информациите велат дека Кевин Дурент нема да биде во комбинација за овој дуел.

„Мислам дека против Србија ќе игра без Кевин ДУрент. Стив Кер имаше состанок со него и одлучиле дека му треба повеќе време за да ја санира повредата“, изјави новинарот Брајан Виндхост за „ЕСПН“.

Ѕвездата на Феникс веќе некое време има проблем со листот на ногата, поради тоа ги пропушти поголемиот дел од подготвителните натпревари.

За Дурент ова ќе бидат четврти Олимписки игри, веќе има три злата од претходните Олимпијади.