Руди Фернандез ги помести границите, постави Олимписки рекорд

Шпанија загуби од Австралија, но легендата на шпанската кошарка Руди Фернандез влезе во историјата на Олимписките игри.

Довчерашниот член на Реал, кој за две недели официјално ќе ја заврши својата играчка кариера, влезе во игра на средина од првата четвртина и со тоа официјално стана првиот кошаркар кој настапил на шест Олимпијади. 

Дебитираше пред точно две децении во Атина како 19-годишник, а потоа играше и во Пекинг, Лондон, Рио де Жанеиро и Токио.  Во 2008 и 2012 година освои сребрениот, а во 2016 година бронзен медал.

Зад Фернандез останаа Хуан Карлос Наваро од Шпанија, Теофило Крус од Порторико, Ендрју Гејз од Австралија, Оскар Шмит од Бразил и Луис Скола од Аргентина со по пет учества на Олимписките игри.