Потег за пример: Јапонците си ја исчистија соблекувалната на СП (ФОТО)

Јапонската кошаркарска репреззентација го заврши Мундобаксетот без победа, но и покрај тоа тие ја воодушевија јавноста со потег кој го направија надвор од паркетот.

На социјалните мрежи беше објавена фотографија од соблекувалната на Јапонија, откакоси замина тимот, а на неа може да се забележи дека кошаркарите го исчистиле нередот и оставиле порака – „Ви благодариме“.