Некој мораше да биде прв: Кошаркарките до 18 години ја сефтосаа „Северна“! (ФОТО)

Женската кошаркарска репрезентација за кошаркарки до 18 години се најде во ситуација прва да настапи со новото име на државата испишано на дресовите и тоа на Европското првенство (ЕП) за јуниорки, дивизија Б, кое од денеска до 14 јули ќе се одржи во Македонија.

Избраничките на селекторката Жаклина Стојановска се првите репрезентативки кои ќе играат со префиксот „Северна“ пред името на нашата држава, како што е договорено со Преспанскиот договор со Грција. Ова воедно е прв меч на една кошаркарска селекција по повеќе од две децении на кој е испишано името на државата. Досегашна пракса беше на предната страна од дресот да стои само нашето знаме наместо името, поради долгиот ирационален спор со јужниот сосед.

Македонија денеска на стартот игра против Романија, а во нашата група се уште и Словачка, Австрија, Ирска и Грција.