„Макрон“ е нов партнер на кошаркарската федерација на Македонија

Италијанскиот произведувач на спортска опрема „Макрон“ соопшти преку официјалниот веб-сајт дека постигнал четиригодишен договор за партнерство со македонската кошаркарска федерација.

„Макрон“ со договорот се обврза да ги облекува сите членови на машките и женските кошаркарски репрезентации на Македонија, како и младинците.

„Ви го претставуваме новото партнерство со македонската кошаркарска репрезентација со големо задоволство. Ова е земја која има богата кошаркарска традиција и ќе биде возбудливо да се создава облека за нивните национални тимови“, соопшти Франческо Вентура од компанијата.