Луцидната мајсторија на Димитријевиќ – потег на колото во Еврокупот (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, го има најатрактивниот потег на изминатото коло во Еврокупот, откако со луцидна мајсторија асистира до еден од своите соиграчи за сигурни поени со дополнително слободно фрлање.

Плејмејкерот во триумфот на неговата Валенсија против Будуќност, ја протна топката помеѓу двајца противнички кошаркари, по што го „сврте како на рингишпил“ Јагодиќ-Куриџа под одбрачот, за на крајот да асистира до Тоби за лесни поени.