Ковидот нè суреди: Македонија се враќа од Талин без ниту еден одигран натпревар!

Македонската кошаркарска репрезентација не одигра ниту еден од двата предвидени натпревари во Талин и денеска се враќа во Македонија, откако раководството било известено од страна на ФИБА дека нашите кошаркари не се подготвени за натпреварување.

Најпрво беше одложен мечот меѓу Македонија и Италија во квалификациите за Европското првенство, зашто имаше три позитивни на коронавирус, по што цела селекција заврши во карантин, по што сега одложен е и вториот меч, кој требаше да се игра против Естонија.

ФИБА допрва треба да реши кога и дали ќе се одиграат одложените натпревари на македонските кошаркари, а постои можности дуелите со Италија и Естонија да бидат презакажани за февруари 2021 година.

Во меѓувреме се прави план за враќање дома на кошаркарите и стручниот штаб на Македонија, како и на останатите играчи кои се позитивни на ковид-19.