Откако вчера пристигна во Полска, македонската кошаркарска репрезентација одржа тренинг во салата каде утре ќе се сретне со домаќинот, во второто коло од квалификациите за Европското првенство.

Кошаркарите имаа можност да го почувствуваат теренот во арената Арцелор Митал Парк во Сосновиец која има капацитет од 3.200 места.

За утрешниот натпревар, селекторот Александар Јончевски направи една замена со тоа што на местото на Лејсон Зеќири, со тимот отпатува плејмејкерот на МЗТ Скопје, Марин Петков.