Кошаркарките прегазени од Украина во квалификациите за Евробаскетот
Нашите кошаркарки не најдоа решение за расположениот напад на Украина, кој ни даде по 26 поени во првата и втората четвртина, додека Македонија постигна само 26 поени во текот на цело прво полувреме (52-26).
Очајната игра на македонските кошаркарки продолжи во третата четвртина, кога постигнаа само седум поени, додека Украина дополнително ја зголеми предноста и до крајот на мечот го диктираше темпото за да слави со 98-49.
Најдобра во редовите на Украина беше Балабан со 19 поени, додека Хемпе постигна 17 поени за Македонија.