Кошаркарките на две недели пред стартот на квалификациите, конечно, добија – селектор!

Македонската женска кошаркарска репрезентација и официјално има нов селектор, откако на вчерашниот состанок на Управниот одбор (УО) на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) беше потврдено назначувањето на Владимир Ѓоровиќ.

Тренерот на Струга 2009 летово веќе работеше со националниот тим, поради што неговото именување повеќе беше формалност, отколку некакво изненадување. Ѓоровиќ е стратег од Србија, кој во последните петнаесетина години живее и работи во Македонија, а пред струшкиот тим предводеше уште неколку екипи во нашата земја. Претходно, тој беше селектор и на репрезентацијата до 16 години, на Европското Првенство, дивизија Б, што се одржа во Охрид.

Новиот селектор веќе в понеделник ќе го одржи првиот тренинг, кој ќе го означи стартот на подготовките за првиот прозорец од квалификациите за ЕП 2021 во кои сме во група со Летонија, Хрватска и Германија.

Македонија на стартот ќе им гостува на германскиот кошаркарски и тоа на 14 ноември, а три дена подоцна ќе ја пречека Летонија во салата „Јане Сандански“. Новиот селектор, воедно, го објави и списокот кошаркарки кои ќе бидат во комбинација за овие две средби, а на кој се наоѓаат:

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ

  1. Анџелика Митрашиновиќ – Будуќност Бемакс (Црна Гора)
  2. Александра Стојановска Фљамуртари (Албанија)
  3. Софија Лазареска – Милано Баскет (Италија)
  4. Нена Трајчевска – Самсун Чаник (Турција)
  5. Ивана Кметовска – Бадел 1862
  6. Ивона Пејковска – Вардар
  7. Емилија Лазарова – Вардар
  8. Сандра Лазареска – Бадел 1862
  9. Драгана Јоловиќ – Бадел 1862
  10. Јована Петрушевска – Вардар
  11. Наталија Белеска – Вардар
  12. Симона Деловска – Вардар
  13. Матеа Николиќ – Енсино Луго (Шпанија)
  14. Илина Селцова – Ратгебер (Унгарија)
  15. Катерина Поп Димитровска – Баскет Кам
  16. Наталија Секуловска – Бадел 1862
  17. Габриела Модева – Струга 2009
  18. Јована Стојанова - Вардар