Калиниќ: Ало! Не сум фудбалер... добро, фудбалер сум (ФОТО)

Навивачите на Милан имаат трауми од Никола Калиниќ, па малку утнаа со хејтањето. На „Твитер“ го нападнаа Никола Калиниќ, но погрешниот спортист со истото име.

 Фудбалерот Никола Калиниќ е пред потпис со Атлетико Мадрид и дел од гневните навивачи на Милан, каде не одигра речиси ништо минатата сезона го испратија со погрдни зборови. Арно ама на „Твитер“ го навредуваа погрешниот Калиниќ. Тие му се нафрлија на српскиот кошаркар со истото име и презиме, кој игра за Фенербахче.

Кошаркарот се обиде да објаси дека не е фудбалер.

Следниот ден откако хејтањето продолжи, тој реши да се откаже од обидите да се докажува со гневните навивачи на Милан па напиша, „Јас сум фудбалер, сите аднете ме! Само што потпишав за Атлетико Мадри“.