Италијанците си ја завршија работата, Србија мора да победи за да биде – само втора!

Кошаркарите на Италија обезбедија пласман во четвртфиналната фаза од Светското првенство (СП) во Јапонија, Филипини и Индонезија, откако денеска го совладаа Порторико (73-57), а на кое место ќе ја завршат групата од втората рунда ќе биде познато по подоцнежниот меч помеѓу Србија и Доминиканска република.

Победникот од оваа пресметка секако ќе се наде меѓу осумте најдобри на Мундобаскетот, но ако тоа бидат Србите, тогаш „аѕурите“ би биле првопласирани, а ако триумфираат Доминиканците тогаш би биле – второпласирани. Составот предводен од Џанмарко Поцеко уште на стартот покажа желба за триумф со 25-15 по првата четвртина, а победата ја зацементираа со одличните последни десет минути, кои ги добија со 22-10. Стефано Тонут и Џанпаоло Ричи со по 15 поени беа најпрецизни кај Италија, додека Тремонт Вејтерс со 13 поени беше најефикасен кај Порториканците.

Средбата помеѓу Србија и Доминикана, по која ќе се знае конечниот пласман и селекциите кои ќе продолжат понатаму, е закажан со почеток од 14 часот.