Италија ќе настапи на Мундобаскетот без еден од најважните кошаркари

Кошаркарскиот сојуз на Италија потврди дека Николо Мели нема да настапи на Мундобаскетот поради повреда на коленото.

Овој крилен центар минатата сезона настапуваше за Фенербахче и беше важен дел од италијанската репрезентација, по што доби договор со Њу Орлеанс пеликанс.

Напорната сезона остави трага на коленото на мели, поради што тој мораше да го оперира и поради тоа нема да игра на Светското првенство во Кина.

Италија е во група на Мундобаскетот заедно со Ангола, Филипини и Србија.