ФИБА: Елиминацијата на Србија е изненадување на векот! (ВИДЕО)

Поразот на Србија од Финска синоќа го потресе кошаркарскиот свет, Србите го почнаа Евробаскетот како фаворити за злато, а заминуваа уште во осминафиналето.

Поразот се случи од Финска која го доби мечот со 92-86. Коефициентот за победа на Србија беше 1,05, а на Финска 12.

Па, за ФИБА ова беше изненадување на векот, едно од најголемите изненадувања во историјата на кошарката.