
Одиме на три бода против Лихтентшајн за да живее мундијалскиот сон!
Саудиска Арабија ни ја прекина долгата серија без пораз, но она важното во овој репрезентативен прозорец се случува денеска, македонските фудбалери имаат задача да ги освојат трите бода против Лихтенштајн со кои ќе се вратиме на првата позиција во групата.
Македонија на хартија е голем фаворит, но селекторот Милевски знае дека мора да се одработи на теренот за да се оствари целта, потценување не смее да има бидејќи денеска често се случува аутсајдерите да изненадат.
Селекторот нема проблеми со повредени играчи, фудбалерите се подготвени да го дадат максимумот и да го победат Лихтенштајн иако се свесни дека нема да биде лесно, барем не додека да се даде првиот гол и да се отвори противникот.
Лихтенштајн е стар пациент на Македонија, ова ќе биде 13. меѓусебен натпревар. Досега имаме 11 победи и едно реми со гол разлика од 45-5.
Против оваа селекција ја имаме остварно е нашата најголема победа кога на 9 ноември 1996 година во Ешан ги победивме со неверојатни 11-1.
Единственото реми се случи во 2004 година кога на гостински терен одигравме 1-1.
Најтазе е мечот од овие квалификации кога во Вадуц го победивме Лихтенштајн со 3-0 со головите на Трајковски, Муслиу и Миовски.
Бројките се на наша страна, но победата треба да се одработи на терен.
Со три бода од овој натпревар повторно ќе се качиме на врвот на табелата пред Велс и Белгија. Со Велшаните ќе имаме ист број на натпревари, додека од Белгијците еден повеќе.