Трамп посака да го гледа финалето на УС Опен и им направи проблем на организаторите

Вечерва во 20 часот по средноевропско и 14 по локално време, во Њујорк се игра финалниот натпревар од УС Опен, меѓу најдобрите тенисери на денешнината Јаник Синер и Карлос Алкараз.

Никој не сака да го пропушти големиот настап, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп кој се враќа на „Флешинг Медоуз“ по пауза од 10 години. Тој дури имал резервирано и една од ложите на стадионот и тоа за подолго период.

Неговото присуство им создава големи проблеми на организаторите затоа што со доаѓањето на претседателот, доаѓаат и низа мерки за безбедност кои почнаа да се реализираат ден порано, а од синоќа се максимално засилени. Од синоќа во 23 до утринава во 7 часот ниеден новинар не смееше да биде присутен во пресцентарот, а сите тие беа замолени, ако е возможно, својаата опрема да ја остават во шкафчињата за денеска да не им се вршат детални претреси при влегувањето.

Се очекува денеска да бидат затворени неколку зони во тенискиот центар „Били Џин Кинг“ и нормалното движење на луѓето во комплексот да претрпи низа промени.