Еве како Македонија НЕ СМЕЕ да игра вечерва во Приштина! (ВИДЕО)

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва ќе го почне вториот циклус претквалификации за пласман на ЕП 2021 и тоа на гости кај Косово (20.30) каде што пред нешто повеќе од една година минавме како „боси по трње“ односно го претрпевме можеби најсрамниот пораз во досегашната баскет-историја.

Жолто-црвените, вечерва, со сосема нов состав во кој има дури седум имиња, ќе пробаат да го подобрат впечатокот и да покажат дека тоа било само лош ден и дека кај нас се игра далеку подобра кошарка отколку во новоформираното северно соседство. Пулените на селекторот Јорданчо Давитков во пресрет на овој дуел мора да го научат на памет тоа што се случуваше лани во Приштина, и да сфатат дека така НЕ СМЕЕ да играат на овој дуел.

Тоа особено се однесува на првото полувреме, во кое нашите момчиња беа буквално како „паднати од Марс“ што резултираше со неверојатно водство 40-20 на противникот, за кого тоа беше прв официјален меч на европска сцена.