Емил Рајковиќ ѝ се врати на кошарката – ќе предводи клуб од Турција!

Најдобриот македонски тренер, Емил Рајковиќ, по повеќе од една година пауза повторно ѝ се враќа на кошарката и тоа како предводник на турскиот прволигаш Тофаш.

Тој пред крајот на предминатата сезона си замина од ЦСКА Москва, а ја прескокна цела мината сезона во обид да се одмори и да собере сили по најголемиот предизвик како стратег на еден од најдобрите европски клубови во историјата. На клупата доаѓа на местото на Орхун Ене, кој пред две недели ја прекина соработката со Тофаш откако тимот испадна од Бахчешехир во првата рунда од плејофот.

Тофаш во основниот дел од сезоната го освои четвртото место и се очекуваше да стигне барем до полуфиналето, но застана на првото скалило. Клубот има две шампионски титули, освоени во 1999 и 2000 година, а во сезоната 1993/94 играше против Работнички во тогашниот Куп на победниците на куповите.

Турција за Рајковиќ ќе биде четврта меѓународна станица во кариерата, по Полска, Казахстан и Русија. Во Македонија ги водеше Тоа сум јас, Фени Индустри со кого ги оствари најголемите успеси, Работнички и МЗТ Скопје, а во странство беше тренер на полските Шлонск и Стал, казахстансата Астана и руските Автодор и ЦСКА Москва.