Доминација: Американките четврти пат по ред се светски шампионки!

Кошаркарките на САД триумфираа со 83-61 против Кина во финалето на Светското првенство (СП) за жени и така се закитија со 11. титула во историјата, односно четврта круна по ред.

Кина добро се држеше во првите 10 минути и без својата најдобра кошаркарка Ли Менг, која не можеше да настапи во финалето поради висока температура.

Американките не можеа да го скршат отпорот на Кина ниту во втората четвртина, но затоа нивната доминација почна во второто полувреме, кога набрзо стигнаа до +21.

Во последните 10 минути Кина не можеше да се врати резултатски во натпреварот, па Американките го диктираа темпото и триумфираа со 83-61.

Најдобра во победничкиот состав беше Вилсон со 19 поени, додека на спротивната страна Ли запиша 19 поени.

Бронзениот медал ѝ припадна на Австралија, која славеше со 95-65 против Канада.