Добив(а)ме кошаркарско чудо: Има само 13 години, а веќе оствари трипл-дабл во Првата лига!

Ана Ангеловска од екипата на Патриот 2016 вчера влезе во историјата на женската кошарка, како најверојатно првата кошаркарка (МКФ не води прецизна статистика) на која ѝ успеало да оствари трипл-дабл ефект на еден прволигашки натпревар.

Таа во тесниот пораз на тимот од Делчево во пресметката со Пантери (54-57) реализира 30 поени заедно со 12 скока, 11 асистенции и пет украдени топки. Чудото да биде поголемо, Ангеловска има само 13 години поради што мора да мине низ посебни лекарски прегледи и да добие дозвола од двајца специјалисти за да може да игра во сениорска конкуренција.

Станува збор за една од најталентираните македонски кошаркарки во моментов, за што сведочи и фактот што летово беше дел од репрезентацијата на Македонија за помлади кадетки.