Димитријевиќ постигна 13 поени, но Уникс го загуби првиот меч од финалето

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ заедно со неговиот Уникс Казан доживеа пораз во првиот меч од финалето на ВТБ-лигата против Локомотив Кубан со 76-85.

Локомотив во втората четвртина создаде разлика од пет поени со кои замина на паузата (42-37), а Уникс се бореше да се врати во игра, но налета на голем отпор во последните 10 минути од мечот и загуби со 76-85.

Димитријевиќ го заврши дуелот со 13 поени, три скокови и пет асистенции и беше еден од најдобрите на теренот.

Вториот меч меѓу Уникс и Локомотив се игра в понеделник.