Димитријевиќ избран во најдобрата петорка за четвртфиналето во ВТБ-лигата
Димитријевиќ беше избран за МВП во регуларниот дел од сезоната, а сега доби место и во идеалниот тим во четвртфиналето на лигата.
Уникс во четвртфинале беше подобар од Самара, а Димитријевиќ беше еден од најдобрите кошаркари на паркетот, па следен противник ќе им биде Локомотив Кубан.
Во најдобрата петорка имаше место и за Морис Ндур од Локомотив Кубан, Амат Мбаи од ЦСКА; Луис Лабери од Уникс и Винс Хантер од Зенит.