Димитријевиќ блескаше, Уникс со „брејк“ не дозволи ЦСКА да слави титула

Тимот на Уникс Казан предводен од македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ успеа да победи против ЦСКА Москва со 78-96.и така да намали во серијата на 3-

Клучни во победата на Уникс беа првата и третата четвртина во која издоминираа на паркетот. По првите десет минути Уникс водеше со 24-15, а ЦСКА успеа до некаде да се врати пред паузата откако втората четвртина ја доби со 32-17 и на пауза се замина со 47-51 за Уникс.

Третата четвртина наликуваше на првата и гостите одново создадоа посериозна разлика која во последниот период само ја одржуваа.

Димитријевиќ натпреварот го заврши како најефикасен во својот тим со 27 поени, додаде уште три скока и девет асистенции. Немаше ниту едно промашување во обидите за три поени (4/4), додека за два поени шутираше 4/6