ЦСКА го промовираше Рајковиќ: Ќе играме агресивна одбрана и брзи напади

Македонскиот тренер Емил Рајковиќ денеска беше промовиран како нов предводник на осумкратниот европски шампион ЦСКА Москва.

Рајковиќ пред новинарите зборуваше за очекувањата во новиот тим, неговиот личен живот, но и тренерската кариера.

„Да се биде тренер на ЦСКА Москва е голема чест, но и одговороност, а за мене е награда за сè што сум постигнал досега. На навивачите сакам да им кажам дека сум среќен што пристигнав тука, иако не играме во Евролигата, сепак очекувам возбудувања во ВТБ-лигата. Мислам дека го имам потребното искуство кое ќе ми помогне во Москва“, кажа Рајковиќ.

Македонскиот стратег го пофали претходниот тренер на ЦСКА, Итудис и кажа дека екипата играла одлична кошарка под негово водство, по што откри на што ќе се фокусираат.

„Главна цел ќе ни биде агресивна одбрана, но и брзи напади. Мислам дека ќе биде интересно за навивачите, но и корисно за клубот“, вели тренерот.