
Брзо стигна демант од Пешиќ: Веста дека Јокиќ ќе игра за Србија е лажна!
Новинарот Марко Љубомировиќ излезе со вест дека Никола Јокиќ одлучил да игра за Србија на Олимпијадата во Париз.
Но, селекторот Пешиќ во изјава за „Б92“ рече дека најдобриот кошаркар во светот се уште не донел одлука.
„Новинар на твитер објави лажни вести. Кога ќе дојде време ќе ги добиете вистинските информации“, демантираше Пешиќ.
По оваа изјава на селекторот неизвесноста дали Јокиќ ќе игра за Србија ќе продолжи и понатаму.