
„Ако не се подобри кошарката во Србија, ова ќе ни биде последен медал!“
Пешиќ е загрижен за иднината на српската кошарка и смета дека ова ќе им биде последен медал на првенствата ако нешто не се промени наскоро.
„Честитки за Германија, заслужи да победи. За нас ситуацијата е јасна, требаше да имаме подобра ротација. Медицинскиот тим даде сè од себе за да ги подготви кошаркарите, но тоа беше тешко за толку кратко време. Дополнителна причина за поразот е и системот во германското првенство. Тие имаат организирано натпреварување во последните 20 години, а нас нè очекува многу работа на тоа поле. Мора да се најде начин да се подобри кошарката во Србија, зашто во спротивно ова ќе ни биде последен медал“, кажа Пешиќ.