Тројката за победа на Партизан предизвика земјотрес во „Белградска арена“ - буквално (ВИДЕО)

Со тројката на Огњен Јарамаз во последната секунда, екипата на Партизан славеше на дуелот против Цедевита Олимпија со 96-95, во рамки на АБА лигата.

Токму оваа тројка со звукот на сирената, предизвика експлозија од воодушевувања кај навивачите на „црно - белите“, кои беа над 8.000 во „Шратк Арената“. Тоа најдобро покажува видеото, а воедно овој феномен го потврди и регионалната АБА лига.