Нов пораз за ТФТ: Златибор го освои Скопје за три од три во АБА2-лигата

Македонскиот прволигаш ТФТ немаше шанси против разиграниот Златибор и загуби во Скопје со 76-90, па така по три кола остана без триумф во АБА2-лигата.

Кошаркарите на ТФТ беа рамноправен противник само во првите 10 минути, кои му припаднаа на гостиноот со 25-24, по што македонскиот тим почна да го губи здивот, а тоа го искористи Златибор за на полувреме да замине со 43-35.

Предноста на гостинскиот тим растеше и во вториот дел, а ТФТ немаше решение за расположените кошаркари на Златибор кои триумфираа со 90-76 за „три од три“ во АБА2-лигата.

Александар Костоски беше најефикасен кај ТФТ со 12 поени, додека за екипата на Златибор блесна Ѓуран со 22 поени.