ТФТ стартуваше со пораз во втората фаза во БИБЛ

ТФТ загуби од Берое со 83-87 на стартот на втората фаза во Балканската кошаркарска лига во рамки на групата Г.

Тимот од скопската населба Тафталиџе имаше одличен старт на натпреварот па водеше и со +15 во првата четврина или 25-10. Бугарите се разиграа во продолжението па веќе на стартото на вториот период го преземаа водството. Полувремето го завршија со серија 3-16, па на пауза заминаа со 43-56. Скопјани вратија со своја серија од 15-3, за во финишто да се вратат во водство од 66-64. Последната четвртина беше неизвесна, но Берое успешно го бранеше своето водство за конечни 83-87.

Тајрон Херис со 21 поен беше најефикасен кај ТФТ, Лахлан Андерсон имаше 17. Станислав Ваклинов со дабл-дабл од 20 поени и 13 скока беше најдобар кај Берое.

Следниот натпревар ТФТ го игра на 11 март против Хапоел Гилбоа во Скопје.