ТФТ се врати од минус 18 и закажа „мајсторка“ против Златибор (ФОТО)
Македонскиот претставник имаше лош старт на натпреварот и ја загуби првата четвртина со 14-21, додека Златибор доминираше во вторите 10 минути и замина на полувреме со предност од 49-33.
ТФТ заигра многу подобро во вториот дел од средбата и во третата четвртина ја анулира негативата, а дури успеа и да направи пресврт (60-59).
По израмнетиот почеток на последниот период од мечот, ТФТ ја презема контролата и со одлична серија стигна до победата (87-79).






