ТФТ дојде до третата победа во АБА 2, малку фалеше да прокоцкаат +16

ТФТ Скопје дојде до третата победа во АБА 2 лигата откако со меч во „балонот“ во Бања Лука славеше над Осјек со 74-70.

Македонскиот тим имаше одличен старт на мечот, во текот на првата четвртина направи и 13 поени предност, 19-6. Највисокото водство го имаше на крајот од третиот период кога водеше со 16 поени разлика, 61-45.

Но, високата предност како да ги опушти кошаркарите на ТФТ кои одиграа лоши последни десет минути, Осјек дојдое до неизвесна завршница, но не избегна пораз, на крајот македонскиот тим победи со 74-70.

Батрик со 24 поени беше најдобриот кошаркар кај ТФТ Скопје, Андерсон постигна 11, Николов 10, во составот на Осјек, Брадфорд постигна 22 поени.