Српската легенда експресно осуден за насилството врз сопругата и ќерката!

Поранешниот кошаркар Милан Гуровиќ призна дека извршил насилство врз својата сопруга и својата ќерка па се спогоди со Обвинителството и експресно доби казна од 10 месеци куќен затвор. 

Гуровиќ исто така не смее да им се приближи на сопругата и ќерката во следните шест месеци. Србинот два дена беше во притвор, но сега е пуштен на слобода. Полициски службеници треба да му стават посебна алка на ногата во просториите каде што ќе треба да отслужи казната од 10 месеци куќен затвор.

Поранешниот кошаркар беше уапсен откако во својот стан во Нов Белград брутално ги претепал својата сопруга Тања (43) и неговата ќерка Милица (16). Гуровиќ и сопругата прво имале жестока вербална расправија по што прераснала во физичко насилство по што се вмешала и ќерката. 

Гуровиќ и Тања се во брак повеќе од две децении и имаат четири деца. Нивните односи биле исклучително лоши последните неколку години. Кошаркарот барал развод, но неговата сопруга не сакала ниту да слушне за такво нешто.

Според зборовите на Гуровиќ, неговата сопруга го нападнала, го турнала и го плукнала. Потоа тој ја фатил за вилицата и ја оттурнал од себе. Тврди дека не ја удрил својата сопруга и дека нејзините отоци на лицето се резултат на скорешната интервенција со ботокс.

Тања Гуровиќ на сослушувањето изјавила дека нејзиниот сопруг ја удирал со тупаници во главата и продолжи да го прави тоа и откако била на подот. Потоа интервенирала нивната ќерка, која го извлекла подебелиот крај и завршила со скршен нос.