Пешиќ повеќе не е селектор на Србија!?
Пешиќ заедно со Србија ова лето на Олимписките игри во Париз го освои бронзениот медал, па оваа информација ги шокира Србите.
Тренерот неодамна беше гостин на меморијалниот меч посветен на Дражен Петровиќ каде што зборуваше за актуелните кошаркарски теми и кажа дека Србија ќе го допре дното ако наскоро нешто не се промени.
„Често предупредував дека во Србија сме на добар пат да го допреме дното како Хрватска. Ако главните луѓе во кошарката не сакаат да сменат нешто, тогаш ќе бидеме среќни ако поминеме квалификации за Европско и Светско првенство“, кажа Пешиќ.