
Србите најавуваат заминување на Обрадовиќ, на негово место - Тринкиери
По неуспехот, навивачите се свртеа против Жељко Обрадовиќ кого го обвинуваат за неуспешен експеримент бидејќи пред почетокот на сезоната ја смени речиси цела екипа. Освен тоа, српските медиуми веќе почнаа да шпекулираат со негово заминување, по четири години поминати на клупата на „црно-белите“.
Иако малкумина веруваат во вакво сценарио, веќе се најавува и наследникот на Тринкиери. Тоа би бил поранешниот тренер на Партизан, Андреа Тринкиери кој во моментов е предводник на Жалгирис, а со белградскиот тим имаше одлични резултати во сезоната која беше прекината поради пандемијата со корона вирусот.
Конечната одлука ќе биде позната на крајот од сезоната до кога и Обрадовиќ треба официјално да се произнесе околу својата иднина во Партизан.