Скандал во Црна Гора: Будуќност шампион, Морнар бара поништување на финалето! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Будуќност ја вратија титулата во Црна Гора, откако синоќа излегоа како победници во „мајсторката“ од големото плејоф-финале против Морнар (76-72), но за оваа серија уште долго ќе се зборува со оглед на големите критики на поразениот на сметка на судиите и веќе официјалното барање за поништување на финалето.

Спорна е одлуката на судиите на седум секунди до крајот при водство на Будуќност со 73-72 и со посед на топка. Во тој момент еден од тројцата делители на правдата досудува неспортска лична на Мичовиќ врз Немања Гордиќ, кој потоа погодува три од четирите слободни фрлања со што го реши натпреварот.

Од тимот од Бар бараат Судиската комисија на Црна Гора да ја прегледа снимката и да донесе одлука околу шампионот врз основа на правилата.

„Доколку се усвои жалбата на Морнар средбата ќе треба да се поништи и одново да се одигра“, велат од Бар.

Тренерот на поразениот во ова финале, Михаило Павичевиќ, изјави дека пред средбата случнал дека судијата Милија Војиновиќ ќе биде најсилно оружје на Будуќност, што на крајот се покажало како точно.