Скандал во Австрија: Уапсени тројца кошаркари од бивша Југославија?

Пет професионални кошаркари на австрискиот тим УБСЦ Грац беа уапсени поради сомнеж дека местеле натпревари. Тие се обвинети дека учествувале во договарање резултати на нивниот тим.

Станува збор за двајца Американци и тројца кошаркари од просторите на бивша Југославија. Играчите се уапсени затоа што постоела опасност за бегство и обид за криење на доказите.

Првите сослушувања веќе биле одржани, а обвинителството засега не објавува нови детали.

Генералниот менаџер на клубот, Михаел Фукс кажа дека биле уапсени пет кошаркари и дека детали за случајот не се познати.

На сајтот на клубот е објавено дека со потекло од поранешна Југославија се кошаркарите Драго Брчина од Словенија, Хрватите Марко Цар и Матија Пошчиќ, како и Австриецот Томислав Рашиќ.