Скандал: Кошаркар на Партизан суспендиран поради допинг!
Осетковски е супендиран за случај од 2023 година, кога настапуваше за шпанската Уникаха. Тогаш паднал на допинг-тест поради, по што пропаднал и неговиот трансфер во Барселона.
Во Партизан иако биле свесни за ризикот, сепак се одлучиле да го ангажираат. Шпанската антидопинг агенција во меѓувреме ја комплетираше истрагата, па за него сега актуелната сезона е завршена.
„Националната антидопинг организација на Шпанија денеска ја извести Антидопинг агенцијата на Република Србија за санкционирањето на кошаркарот Дилан Осетковски, наведувајќи дека спортистот е под казна до 22.12.2026 година поради повреда на антидопинг правилата“, се наведува во соопштението.