Поранешен соиграч на Антиќ добил стотици смртни закани од - грчки навивачи!

Некогашниот соиграч на Перо Антиќ во дресот на Атланта хокс, Денис Шредер, беше најзаслужен за синоќешната голема победа на Германија против Грција (107-96) за пласман во полуфиналето на ЕП 2022, што покрај епитетот МВП му донесе и неочекувана „награда“ - закани со смрт од стотина навивачи на противникот.

Оваа неверојатна информација ја обелодени неговата сопруга, која откри дека заканите не се упатени само кон Денис, туку и кон неа и кон нивните деца.

„Стотици грчки навивачи ни посакуваат смрт на мене, на Денис и на нашите деца. Голем дел од нив ни пишуваат дека ќе нѐ убијат. Вакво нешто никогаш не сум доживеала. Има премногу пораки за да почнам да ги покажувам. И тоа не се само лажни профили. Ваквите закани се одвратни“, објави сопругата на Шредер.

Денис средбата ја заврши со 26 поени и осум скока.